Биографија објавена во „Македонска рок енциклопедија“ на Тошо Филиповски
КУЛТУРНО УМЕТНИЧКИ РАБОТНИЦИ (Скопје)
Веселата и духовита дружина со извонреден сенс за хумор, Културно Уметнички Работници е формирана во март 1999 како резултат на меѓусебното дружење на членовите на неколку, тогаш актуелни скопски состави (Тотално Опуштање, No Name Nation, Рок Агресори) но и веќе распаднати (Бомбашки Процес и Жолтица На Бродот Баунти). Местото каде ќе падне првиот договор за формирање на еден ваков проект е култниот скопски кафе бар “Бравo”. Токму екипата и настаните поврзани со овој простор ќе бидат честа инспирација во нивните текстови. Тоа на еден начин го прави овој бенд еден од првите автентични урбани скопски рокенрол состави низ чии текстови можеме да проследиме еволуција на градот погледната низ очите на млади (сега веќе и не толку млади) луѓе кои се опседнати со се она што рок музиката како начин на живот го нуди, алкохол, жени, забава... Првичната идеја била едноставна, да бидат гости на настапот во живо на Тотално Опуштање на “Канал 5 ТВ”, во емисијата “Игра Рокенрол Цела Македонија”. Песната со која ќе дебитираат е Пеце, а поставата која ќе се искачи на импровизираната телевизиска бина ќе ги вклучува вокалите на Мирослав Тодоровски-Мирко (ех Жолтица На Бродот Баунти), Марјан Китановски-Мац (Тотално Опуштање) на гитара, Трајче Митрески (ех Бомбашки Процес) на гитара, Владимир Стојчевски (Тотално Опуштање, ех Бомбашки Процес) на бас и Ристо Јанковски-Љак (Тотално Опуштање) на тапани. Логин Кочишки, како автор на емисијата, веднаш ќе им понуди и снимање на спот за споменатата песна во соработка со Ед Вуд студио. За потребите на спотот, песната Пеце е снимена во студиото на Владимир Петровски Картер и истата веднаш стануваат инстант хит.
По првичниот успех на бендот, Логин Кочишки им нуди и настап на фестивалот во зачеток, “Таксират” (29.11.1999), каде официјално дебитираат на иста сцена со Забрањено Пушење, Дарко Рундек, Рамбо Амадеус, Корпус и Ексик и каде нивниот настап го најавува познатиот сараевски рокер Елвис Џ. Куртовиќ. Всушност Културно Уметнички Работници се првиот бенд кој засвирел, т.е. бендот кој го отворил овој фестивал, а првата песна отсвирена на Таксират е песната Пеце. На овој концерт Работниците настапуваат во својот прв полн состав, во кој покрај веќе споменатите членови се придружуваат и Божо Вучиниќ (No Name Nation) на гитара, Роберт Сисиркоски-Сисир на бас (No Name Nation) и Зоран Трпков-Зоки како вокал и забавувач (Рок Агресори).
Потоа се пријавуваат и на “Рок Фест 2000”, каде го освојуваат првото место и добиваат можност за снимање на една песна во МРТВ. Таму ја снимаат песната Гуд Бај Тинс, испродуцирана од Братислав Зафировски-Брацо и Илија Пејовски. Еуфоријата околу бендот ќе има силен замав и за релативно краток период ќе се појават на уште неколку групни настапи, а во периодот до март 2002 во неколку наврати повторно ќе снимаат во студиото кај Картер притоа зголемувајќи го фундусот на песни кои нешто подоцна ќе бидат ставени на нивниот деби албум. Во овој период екипата ја напуштаат Роберт Сисиркоски и Зоран Трпков, а им се продружуваат Марјан Поповски на бас гитара и Климе Јанковски на виолина и гитара, кои што исто така кратко ќе се задржат во бендот. Есента 2001, групата ќе настапи на отворениот концерт пред кафе барот “Van Gogh”, организиран како дел од антивоената кампања наречена “Преку Таквото” а како дел од овој настан, за првпат една нивна песна (Супер дечки) ќе биде поместена на еден носач на звук. Наредното лето, во јули 2002, ќе засвират и на првиот голем open air фестивал во Македонија, “Аларм” во Љубаништа. Конечно, бендот кој три години пред тоа бил замислен само како краткотраен проект од една песна, во октомври 2002, ќе го збогати македонскиот музички пазар со дебитантски албум. Истоименото CD издание со 12 песни ќе го објави списанието за култура Маргина, во двобројот 55/56. На албумот гостуваат Владимир Петровски Картер на клавијатури, гитара и вокал; Ристо Водолија на гитара и Бети и Андријана како придружни вокали. Албумот е промовиран со концерт во скопскиот клуб Lady Blue, на кој што како гости настапуваат ТК.СК. и Тотално Опушање.
Помеѓу останатите виртуозни сецирања на општеството и духовитите портретирања на “чудните” ликови, на албумот ќе биде поместена и песната Виновен За Што, посветата на легендарниот скопски панк бенд New Police State. По изданието ќе следуваат уште цели три години исполнети со безброј концерти за паметење, но протагонистите на К.У.Р. упорно ќе потенцираат дека сеуште се работи само за забава на пријатели собрани во неформален проект, во кој уживаат свирејќи рок, рокабили, панк рок и ска, но понекогаш (кога ќе затреба) и хеви метал и хард рок.
Ставот ќе го променат дури во 2005, кога најпрвин во бендот зад тапаните ќе седне Бојан Жунгулов (ех План Б), а потоа како гости ќе настапат и на Гитаријадата во Зајечар. По настапот таму веќе е јасно дека целиот ангажман треба да стане малку “посериозен”, па веднаш ќе започнат да работат на создавање на нов корпус на песни како подготовка за својот втор албум. Во овој период составот добива постојана форма и го сочинуваат Мирослав Тодоровски на вокал, Трајче Митрески на гитара и вокал, Марјан Китановски на гитара, вокал и усна армоника, Божо Вучиниж на гитара и вокал, Владимир Стојчевски на бас гитара и Бојан Жунгулов на тапани. Во меѓувреме, Трајче ќе го докомплетира своето студио, па во него ќе започнат да ги снимаат новите материјали. Цела 2007, во неколку наврати, ќе работат на овие теми но сепак нема да бидат задоволни од крајните резултати. Комплетниот материјал ќе го избришат и преснимат и веќе во март 2008, “Рок Фест” ќе го објави како нов албум со 12 песни, под името Amore Bene Tutti Prego. Просторот во кој бендот отсекогаш се чувствувал како свој на своето, рециклирање на познати YU и светски класици, а притоа освежувајќи ги со локални патетични, но и болно сатирични приказни, и на овој албум ќе биде застапен, но сепак се ќе остане во сенка на темата која е епохална посвета на нивниот втор (а за некои богами и прв) дом, Браво, како и песната посветена на скопската панк легенда Ружни. На албумот гостуваат Ирена Лазарова Димитрова на придружни вокали (Тоше Проески бенд), Горан Јовановиќ Gibson од Србија на гитари, Марија Матевска на мандолина, Willem Van Rumpt од Холандија на слајд гитара, Јелена на виолина, Неле К (Kings of Idle, Neelectronic Guru, Quosqe Tandem) на вокали и Брус (Foolish Green) на вокали. Албумот го промовираат со концерт во МКЦ на ревијална вечер во склоп на Рок Фест. Летото кое доаѓа, помеѓу останатите концерти ќе го искористат и за појавување на “Exit Live Music” сцената на престижниот “Еxit” фестивал во Нови Сад. Полека започнува да се создава митот за бендот чии самостојни клубски настапи знаат многу често да траат и по три часа а притоа ниту малку да не се почувствува замор и досада. Од овој период, со нив редовно настапува и Ирена Лазарова Димитрова на придружни вокали, а постојано ги следи и Дарко Поповски-Блуз (Steel Temple), како тон мајстор и продуцент на нивните албуми. Наредната година (април) за прв пат бендот ќе се опроба во една нова unplugged форма реализирајќи настап во живо на “Канал 103” (Ако Никој Не Свири). Иако фокусот во сет листата ќе биде на постари материјали, истите ќе бидат интересно преаранжирани, а некои дури до степен на непрепознавање: Совршен свет (свинг верзија) и Ружни (само со вокал и усна армоника). Просторот кој ќе им биде даден со овој концерт ќе го искористат и за промоција на некои нови песни (Ристе, Вечниот Студент, Здравјето Пред Се) кои неколку месеци подоцна ќе бидат снимени за нивниот трет студиски албум. Овој концерт, во мај 2009, ќе биде објавен како free download албум наречен едноставно Unplugged @ Kanal 103. Кон крајот на годината (26.11.) настап ќе имаат и во Бугарија, на “Alarma Punk Jazz Festival” во Софија. Материјалите за новиот албум ќе започнат да ги снимаат со почетокот на календарската 2010, во една комоција што им ја дава домашното студио “Кај Трајче”, па истата и ќе ја “злоупотребат” растегнувајќи го целиот процес во најголем дел и од наредната година. Конечно, на 10.10.2011, со концертна промоција во клубот МЦМ, на CD и како free download, ќе биде објавен албумот Ha Ha Jolly Jolly, составен од 12 песни плус 2 “скриени” бонус теми. Највпечатливиот момент од ова “скопско досие” ќе биде интригантната обработка на антологиската тема на Александар Џамбазов, на текст на Бошко Смаќоски - Скопје. На албумот гостуваат и Ирена Лазарова Димитрова на придружни вокали, Даме Златков на труба, Марија Неданова на флејта, Крле Day Off на гитара, Стиховен Калибар, вокали/рапување и Томе Кукунеш-Root Boy, скреч. Впечатлив на прв поглед е и цртежот искористен за дизајн на омотот кој е дело на авангардниот амерички уметник Daniel Johnston. Целата наредна година бендот ќе ја помине настапувајќи низ Македонија но, кон крајот на 2012, неочекувано за многумина фанови на бендот, на нивниот facebook профил ќе ја постираат пораката-збогум за стариот тапанар Бојан и кратката најава за новиот, Ацо Николовски. Со него, на 20.07., уште еднаш ќе настапат во Р. Бугарија, но овојпат на “Vola Open Air” Фестивалот во Враца. Само неколку месеци подоцна, на почетокот на 2014, непосредно пред новото влегување во студио, на тапанарското столче ќе седне Андреј Атанасоски-Еди (Suns, ТБ Трачери, Undone, Tank Warning Net). Со Еди ќе снимат 8 песни и ќе направат еден концерт во Кафе Барот Браво, по што Еди поради проблеми со ушното тапанче мора да направи пауза со неговите музички ангажмани. Него ќе го замени Слободан Хаџи Илиев Данко (Флукс, Армадило, ех Калап), кој е актуелен тапанар на бендот и со него ќе се доснимаат уште 7 песни. Петтиот албум, насловен Мит Ми Комен, составен од 15 нови “слики”, со голем концерт во МКЦ ќе биде промовиран на 20.11.2014, во рамките на фестивалот Синедејс, како дел од прославата по повод 15 годишнината од постоењето на бендот. Славењето на еден таков прекрасен јубилеј ќе биде потенцирано со хит синглот, прекрасниот омаж на македонската андерграунд сцена, Нема Веќе Бенд Како ННН. Јубилејот ќе биде збогатен и со премиерата на документарниот филм во режија на Љубица Поповска, а посветен на нив, “Денот Да Е Радосен”. Во овој документарец се појавуваат бројните пријатели на бендот кои на овој или оној начин соработувале со нив или барем само минимално внеле некое свое камче во целокупниот мозаик за К.У.Р.: Васко Атанасовски (Бумбикс, Bernays Propaganda, XAXAXA), Александар Сандревски, Владимир Петровски Картер, Љупчо Јолевски, Љубомир Грбевски, Мишко Грбевски, Срѓан Димовиќ, Елена Христова (Баклава), Ивица Маневски Жица (Лоши Деца), Александар Трајковски, Урош Вељковиќ (Steel Temple), Миле и Драги од Кафе Барот Браво, Зајо и Марко (Флукс), како и лутите фанови Ристе, Дени, Даме и Паша.
Во 2016 бендот го сними материјалот за својот нов албум на кој ќе се најдат 12 нови песни и истиот ќе биде промовиран во текот на 2017. На овој албум е реализирана и една песна во соработка со Васко Атанасовски (Бумбикс, Bernays Propaganda, XAXAXA).
Дискографија:
Компилација:

- Културно Уметнички Работници / CD / Маргина, 2002
- Amore Bene Tutti Prego / CD / Рок Фест, 2008
- Unplugged @ Kanal 103 / downoad / MMM / 2009
- Ha Ha Jolly Jolly / CD / Time Machine Music / 2011
- Мит Ми Комен / CD / самиздат / 2014
- K.U.R.VI / CD / Balkan Veliki / 2017
- Панк Кабаре / CD / самиздат / 2023
Компилација:
- Преку Таквото / Супер Дечки / CD / PAC Multimedia, 2001
- Колку гласно морам да викнам за да ме чујат? / Стари / LP / Корпус Деликти Рекордс, 2019