Заеднички концерт на Културно Уметнички Работници, Флукс и Калап во Летниот Клуб Хавана на 12 Јуни 2012 со почеток во 22.00 часот.
Заеднички концерт на Културно Уметнички Работници, Флукс и Калап во Летниот Клуб Хавана на 12 Јуни 2012 со почеток во 22.00 часот. Add Comment Културно Уметнички Работници Ви подаруваат две концертни снимки во интегрална верзија, без никакви кратења, монтажи и дотерувања: Целовечерен концерт во МНТ Центар - Летна сцена 27.06.2008, Тон мајстор: Антонио Дојчиновски Настап на Пиволенд 19.09.2008 (Снимка од Радио Равел) КУЛТУРНО УМЕТНИЧКИ РАБОТНИЦИ & RooTBoy Суперкултурна Мега-Хит Група. Genre: Rock / Punk / Rockabilly www.kulturno-umetnicki-rabotnici.weebly.com www.myspace.com/kulturnoumetnickirabotnici www.youtube.com/rabotnici www.soundcloud.com/k-u-rabotnici www.rabotnici.blog.mk MORTAL KOMBAT Genre: Metal / Punk Location Beograd, Serbia http://www.myspace.com/mortalkombatbend http://mortalkombatbend.com/ http://www.facebook.com/mortalkombatbend Special guest: RooTBoy Selecta! punk & ska Club Havana / Start: 20:00h / Karta: 200den По Скопје, Битола и Куманово, следен град во кој што ќе го промовираме албумот "Ha Ha Jolly Jolly" е Штип. 24 Декември 2011 (сабота). Дом на млади. Почеток 22.30. Влез 60 денари. По одржаната промоција на албумот "Ha Ha Jolly Jolly" која се случи минатиот месец во клубот МЦМ во Скопје и закажаната промоција во Битола на 19 Ноември, најавуваме и концертна промоција во Куманово во организација на BOILING POINT. 10ти Декември 2011 (сабота) // 21:00 НУЦК “Трајко Прокопиев“ - Куманово (сала на поранешно БИНГО) // 100ден. Албумот "Ha Ha Jolly Jolly" до 10 декември е достапен за free download на Time Machine Music. На 19 Ноември (сабота) со почеток од 21.30 часот во КОД Кафе во Битола ќе одржиме концертна промоција на нашиот нов албум "Ha Ha Jolly Jolly". На промоцијата ќе може да се набави новото ЦД по помотивна цена. Новиот албум на Културно Уметнички Работници "Ha Ha Jolly Jolly" сеуште е достапен за free download на www.timemachinemusic.org до 10 Декември. Новиот албум на Културно Уметнички Работници "Ha Ha Jolly Jolly" е достапен за бесплатно превземање преку веб магазинот Тime Machine Music до 10-ти декември 2011. Линк за превземање на албумот. Новиот, четврти по ред албум на Културно Уметнички Работници насловен "Ha Ha Jolly Jolly" ќе биде достапен за free download на web магазинот Time Machine Music во периодот oд 10 Октомври до 10 Декември 2011. Покрај on-line промоцијата, истиот ден во клубот MCM со почеток од 22.00 часот ќе се одржи и промоција со настап на Културно Уметнички Работници. Влезот за промоцијата изнесува 150 денари, а со секоја влезница посетителите ќе имаат можност да добијат и бесплатен примерок од новиот албум на Работниците. Инаку како што веќе претходно најавивме албумот е снимен во студиото на нашиот гитарист Трајче Митрески "Студио Кај Трајче" во текот на оваа година. Како музички продуцент покрај Трајче, се јавува и нашиот пријател и соработник Дарко Поповски Блуз, кој што меѓу другото свири и клавијатури на дел од песните. На албумот се поместени 12 сосема нови песни во времетраење од педесетина минути, од кои што дел веќе сме ги изведувале во живо. Листата ја сочинуваат: Скопје, Вечниот студент, Здравјето пред се, Ѓубрето, Ристе, Розов сон, Колку убав ден, Фраерај, Женичка, Олга Костадинова, Folsom prison blues и Вегетаријарец. Омотот на ЦД-то е дело на американскиот алтернативен уметник Daniel Johnston, за чие што користење добивме посебна дозвола. И на ова издание Културно Уметнички Работници сеуште свират и пеат во непроменет состав: Мирослав Тодоровски - Вокал; Трајче Митрески - Гитара, Вокал; Марјан Китановски - Гитара, Вокал, Усна хармоника, Гајда; Божо Вучиниќ - Гитара, Вокал; Владимир Стојчевски - Бас гитара; Бојан Жунгулов - Тапани. Како гости на албумот се јавуваат Дарко Поповски Блуз - Клавијатури; Даме Златков - Труба; Марија Неданова - Флејта; Стиховен Калибар - Вокал; Томе Кукунеш (Root Boy) - Скреч; Крле Day Off - соло гитара и Ирена Лазарова Димитровска - Пратечки вокали. На 13 Јануари 2012 ќе свириме на третото издание од фестивалот Impact Fest. За сега потврден е настапот и на Mortal Kombat. Воедно Ви го препорачуваме и нивниот деби албум кој може да го симнете на овој ЛИНК. Важно: Третиот албум на К.У.Р. е спакуван и наскоро ќе објавиме повеќе информации околу неговата промоција. |